За нас
јоудг “Јасна Ристеска”
Јавната општинска установа за деца-детската градинка Јасна Ристеска –Охрид е основана на 23.05.1963 година од страна на Општинското собрание на Охрид и е со самостојно формирање и финансирање од страна на Заедницата за образование. Денес се финансира од сопствени средства од блок дотации од МТСП и од средства од Локална Самоуправа.
Установата има Статут кој го донесува органот за управување на установата, а со кој се пропишуваат нејзината организација, начин на работа, управување и раководење.
Согласност на Статутот на установата дава Советот на општината.
Денес ЈОУДГ “Јасна Ристеска” својата дејност ја врши во 43 воспитни групи во пет објекти и во четири групи во други просторни услови.
Патрониот празник на градинката се празнува на денот на ослободувањето на Охрид, 7ми Ноември.
Градинката го носи името Јасна Ристеска, партизанка која го положила својот млад живот пред олтарот на слободата на градот.
Сите активности се организираат во рамките на градинката и надвор од неа со безброј посети, прошетки, екскурзии, заеднички средби, едукативни предавања и работилници од страна на стручи лица од разни институции и родителите на децата, со учество во многу културни и образовни манифестации и јавни и културни настани на децата.
МИСИЈА
Мисијата на градинката е максимална опфатеност на децата од предучилишната возраст и воспитно-згрижувачката работа заснована на Програмата за рано учење и развј чија основа е холистичкиот пристап во развојот на детската личност без притоа да се фаворизира одреден домен: когнитивен, социо-емоционален, физичко здравје и мотороен развој, равој на јазик, комуникација, описменување и развој кон пристап на учење.
ВИЗИЈА
Градинката ќе биде средина во која ќе се формираат здрави личности и ќе се збогатуваат нивните вештини и искуства со примена на современи воспитно-образовни средства и методи, следени од професионални, одговорни, креативни и иницијативни тимови. Ќе се применуваат квалитетни програми за воспитно-образовна работа. Ќе се формираат партнерски односи и релации со родителите, со Локалната самоуправа, МТСП, БРО, ХБО и други релевантни фактори за развој на предучилишното образование.
ОБЈЕКТИ
Приливот на деца се зголемува пo потребата за проширување на просторните можности била неминовна. Во склоп на ЈОУДГ Јасна Ристеска Охрид се следнивe објекти:
- 1.Централна, почнала со работа во 1971 година
- 2.Развигорче, почнала соработа во 1976 година
- 3.Билјана, почнала со работа во 1980 година
- 4.Росица, почнала соработа во 1982 година
- 5.Лихнида, почнала со работа во 1988 година
За поголем опфат на децата од предучилишна возраст во предучилишниот организиран згрижувачки и воспитно-образовен процес, особено на децата од руралните средини а согласно со Законот за заштита на децата отворени се групи во други просторни услови за хетерогена група на деца 2-6 годишна возраст и тоа:
- “ВанчоНиколески” с.Лескоецвo Октомври 2013 година
- “ЖивкоЧинго” с.Велгоштиво Октомври 2013 година
- “КочоРацин” населба Радојца Новичиќ во Јануари 2015 година
- “НаумОхридски” с.Пештани во Февруари 2016 година
Контакт
ЈОУДГ Јасна Ристеска 046 511-217
Email jasna.risteska@yahoo.com
Ул.Димитар Влахов бр.63 Охрид,